Милан дојде на бод до Интер и уште се надева на ЛШ

Милан успеа минимално да ја совлада Фиорентина на гости со 0-1 и се доближи на еден бод негатива до градскиот ривал Интер, кој се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А. Сепак, „нероаѕурите“ утре ќе го играат мечот од 36.коло и на домашен терен ќе го пречекаат последнопласираниот Киево.

Хакан Чалханоглу во 36.минута беше стрелец на победничкиот гол за Милан на овој натпревар. Тој одлично реагираше по центаршутот на Сусо и со удар со глава ја затресе мрежата на Фиорентина.

Се вчитува...