Милан ги воодушеви навивачите со победата против Јувентус во Торино, а денес им приреди ново пријатно изненадување на своите навивачи, промовирајќи го дресот за наредната натпреварувачка сезона.
Златан Ибрахимовиќ е едно од заштитните лица на промоцијата со која „росонерите“ ги претставија новите дресови за следната сезона, и ова е првиот сет на дресови во кои клубот од Сан Сиро ќе игра поголем дел од натпреварите. Фановите на Милан се воодушевени од дизајнот подготвен од Пума, кој повторно e на највисоко ниво, па дресовите навистина изгледаат како полн погодок.
Introducing the Milan state of mind: here’s our new @pumafootball 2021/22 Home Shirt ?⚫ #MoveLikeMilan #SempreMilan
— AC Milan (@acmilan) May 11, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА