Милан го купува отпишаниот фудбалер на Манчестер Јунајтед

Калчолигашот Милан сака во своите редови да го доведе фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Диего Далот. Клубот одлично ја стартуваше сезоната со две победи во Серија А, по кои амбициите пораснаа, па затоа сакаат да го донесат Далот како би ја зголемиле конкуренцијата на бековските позиции.

Португалскиот интернационалец на „Олд Трафорд“ стигна во 2019 година на барање на неговиот сонародник Жозе Мурињо, но откако на клупата го наследи Оле Гунар Солкјер, тој  не е во тактичките замислини на норвешкиот стратег.

Годинава не запиша ниту еден настап, па затоа самиот побарал да го напушти клубот, а по се изгледа негова следна дестинација ќе биде „Сан Сиро“.

Се вчитува...