Милан го нуди Кутроне и 50 милиони евра за Андреа Белоти

Италијанскиот калчолигаш Милан има големи планови за следната сезона, откако оваа сепак ќе остане без пласман во Лигата на шампионите. Иако новите кинески сопствејици вложија многу во реновирање на тимот, сепак, резултатите не се според очекувањата. Монтела потфрли, а новиот тренер Џенаро Гатузо едноставно не може да го надомести загубеното и да ги стигне конкурентите. На пет кола до крајот на Серија А, „росонерите“ имаат девет бода помалку од Рома и од Лацио, кои се наоѓаат на позициите за пласман во ЛШ.

Но, Милан веќе планира засилувања за следната сезона. „Росонерите“ се подготвени да се откажат од својата млада ѕвезда Патрик Кутроне, кој доаѓа од младинската школа на клубот, и да го понудат на Торино, вклучувајќи во пакетот и дополнителни 50 милиони евра, за да го добијат Андреа Белоти. Но, ова, на прв поглед, и не му се допаѓа премногу на Торино, кој бара 1000 милиони евра во кеш за својот голгетер.

Кутроне оваа сезона одигра 41 натпревари за Милан и постигна 15 гола во сите конкуренции.

Се вчитува...