Милан го позајми промашеното засилување на Реал Мадрид

Милан комплетираше уште еден трансфер откако „росонерите“ попладнево официјално го потврдија доаѓањето на Брахим Диаз од редовите на Реал Мадрид. Крилениот офанзивец пристигнува на едногодишна позајмица, по што гигантот од Милано ќе има можност следното лето целосно да го откупи неговиот договор со „кралевите“.

Диаз важи за трансфер-промашување на најтрофејниот шпански клуб, кој во 2019 година плати 15 милиони евра да го донесе младиот Шпанец назад во татковината, иако Диаз во тој период имаше само уште шест месеци од договорот со Манчестер Сити. Оттогаш младиот офанзивец не доби преголема шанса, настапи на 21 средба севкупно во сите натпреварувања, постигнувајќи два погодоци.

Овој 21-годишен фудбалер од утре ќе му се стави на располагање на тренерот Пиоли. Диаз го избра бројот 21 што ќе го носи на својот дрес во наредната сезона.

Се вчитува...