Милан го прекина постот и победи по четири меча, со гол од пенал

Милан стави крај на лошата серија од четири меча без победа и конечно оствари триумф над Лацио. „Росонерите“ славеа со минимален резултат 1-0, со голот од пенал на Франки Кеси. По ова, тимот на Џенаро Гатузо со 55 бода се наоѓа на четвртата позиција, со бод повеќе од Рома.

Кжиштоф Пјонтек имаше две убави шанси за да донесе водство за Милан претходно, но не успеа да ги реализира. Во завршницата, судијата Џанлука Роки во 79.минута покажа на белата точка со една сомнителна одлука, а Франк Кеси беше ефикасен од 11 метри.

Лацио по овој пораз останува на 49 бода и полека ја губи битката за пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...