Милан го претстави Исмаел Бенасер

Италијанскиот калчолигаш Милан потпиша петгодишен договор со алжирскиот интернационалец Исмаел Бенасер. Тој треба да го засили средниот ред на „росонерите“ и да биде значајна алка во составот на Марко Џампаоло.

„Милан објавува дека постигна договор со Исмаел Бенасер и тој ќе го носи дресот на нашиот клуб до 2024 година. Тој од 2016 година настапува за репрезентацијата на Алжир со која беше дел и од Африканскиот куп на нации во 2019 година“, објави клубот од „Сан Сиро“.

 

Се вчитува...