Милан го урна шампионот и му се доближи на Јувентус (ВИДЕО)

Шампионот Наполи продолжува со лошите резултати во оваа сезона, откако вечерва загуби на гостувањето на „Сан Сиро“ кај Милан. На крајот „росонерите“ славеа минимално со 1-0 благодарение на голот на Тео Хернандез.

Французинот успеа да погоди во мрежата во 25. минута од средбата. Милан беше далеку подобар противник од Наполи, имаше повеќе удари кон голот, додека Наполи упати само еден, и тој надвор од рамките. Леао имаше шанса во вториот дел да дојде до 2-0, но шутираше само крај голот.

Во вториот дел нешто подобра игра на Наполи, се обиде да израмни, а најдобрата шанса ја имаше во 90. минута кога Шимиќ за малку ќе си постигнеше автогол. Топката ја погоди само стативата.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...