Милан го враќа Заза во Серија А

Италијанскиот калчолигаш Милан планира да го врати Симоне Заза во Италија по завршувањето на оваа сезона. Напаѓачот на Валенсија постигна 18 гола оваа сезона во дресот на „лилјаците“, но и покрај тоа сепак не се вклопи најдобро во стратегијата на тренерот Марселино кој преферира да игра со двајца побрзи играчи во навалната линија.

Џенаро Гатузо смета дека Заза би бил одлично засилување за „росонерите“, ако се знае дека Никола Калиниќ и Андре Силва не ги задоволија вкусовите на стручниот штаб иако беа агажирани како огромни засилувања.

Валенсија минатото лето го откупи Симоне Заза од Јувентус за сума од 16 милиони евра, и јасно е дека ќе сака да си ја врати својата инвестиција доколку Италијанецот се враќа во Серија А.

Се вчитува...