Милан и Аталанта се приклучуваат во трката за напаѓачот на Удинезе, Лоренцо Лука, еден од најбараните голгетери во овој предоен рок.
„Росонерите“ наводно испратиле барање за утврдување на цената до Удинезе, за да биде јасно дали да се вклучат во битката за потписот. Исто така и Аталанта го следи развојот на ситуацијата, а претходно беше објавено дека овој тим ќе испрати понуда за гоглетерот на „црно-белите“.
Сепак, Наполи и натаму важи за фаворит за ангажман на Лука, а клубовите треба во секое време да се сретнат. Конте силно инсистира Лука да биде партнер во нападот на Лукаку, и како актуелен првак засега има предност во потписот.
Минатата сезона во Серија „А“ Лука постигна 12 голови за Удинезе, и имаше значаен придонес за опстанокот на екипата во најсилната италијанска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА