Милан и со играч помалку ја победи Болоња

Милан успеа да ја совлада Болоња со 2-1 и се уште ја чува надежта дека може да оствари пласман во Лигата на шампионите, иако ќе биде реално тешко тоа и да го оствари. Тимот на Џенаро Гатузо во завршницата играше со еден фудбалер помалку поради исклучувањето на Лукас Пакета, но успеа да стигне до трите бода.

Сусо во 37.минута донесе водство за Милан, а Фабио Борини ја удвои во 67.минута. Болоња намали преку Матија Дестро шест минути подоцна, но не успеа и да стигне до реми. Во судиското продолжение, и Болоња остана без двајца фудбалери, поради исклучувањата на Сансоне и на Дијкс.

Се вчитува...