Милан играше, а Јувентус даваше голови

Италијанскиот првак Јувентус е на добар пат да ја одбрани шампионската титула во Серија А, откако го совлада Милан во дербито на колото со 3-1. Сега „старата дама“ има четири бода предност пред Наполи на врвот на табелата.

Пауло Дибала го доведе Јувентус во водство во осмата минута, а израмни „дезертерот“ Леонардо Бонучи кој од Јуве се пресели во Милан и на првото гостување во Торино стрелаше против својот поранешен тим во 28.минута.

Во вториот дел, Милан беше поактивен, бараше можност за да дојде до предност, но Јувентус го постигна погодокот. Во 79.минута, Хуан Квадрадо кој влезе во игра неколку минути претходно, со удар со глава го совлада Донарума, а точка на мечот стави Сами Кедира во 87.минута.

Се вчитува...