Милан им се врати на победите во Калчо-лигата

Резултатската криза на Милан е минато, откако „росонерите“ стигнаа до огромна победа на гостувањето против Болоња со 1-2, прекинувајќи ја серијата од пет меча без победа во рамкит од Калчо-лигата. Тимот на Џенаро Гатузо во претходните пет кола забележа четири реми и еден пораз, за денеска да одиграат одлично прво полувреме и со головите на Чаланоглу и на Бонавентура да стигне до предност од 0-2. „Болоњезите“ до крајот на мечот постигнаа само почесен погодок, но немаа сили ниту за еден освоен боди против гостите од Милано.

Возбудливо беше на мечот Беневенто – Удинезе, кој по голема битка заврши без победник, 3-3. Гостите од Удине први поведоа со 0-1, Беневенто направи пресврт, за потоа Удинезе со головите на Ласања во 78 и во 80. минута дојде на чекор до победата. И кога „фриулијаните“ почнаа да слават, Беневенто во судиското продолжение стигна до 3-3 со фудбалер помалку, и тоа со голот на дефанзивецот Бакари Сања.

Голем триумф забележа и СПАЛ, на гостувањето против отпишаната Верона, со што фудбалерите на СПАЛ го прескокнаа Киево и моментно се наоѓаат над зоната за испаѓање, на три кола до крајот на сезоната.

Џенова загуби со 3-1 на гостувањето против Аталанта, меч на кој Горан Пандев влезе во игра на почетокот од второто полувреме, при резултат 2-0.

Резултати Италија:

Беневенто – Удинезе 3-3, Болоња – Милан 1-2, Аталанта – Џенова 3-1, Сампдорија – Калјари 4-1, Верона – СПАЛ 1-3.

Се вчитува...