Милан има храбар план за следната сезона: Гвардиола тренер, Овермарс директор

Италијанскиот калчолигаш Милан и оваа сезона е далеку од некогашното ниво на клубот, кога „росонерите“ беа во врвот на Серија А и освојуваа титули во Европа. Но, амбициите на раководството се големи, се кова план за повторно враќање на старите патеки. Очигледно дека тоа не им успеа на Паоло Малдини и на Звонимир Бобан, па за следната сезона се најавуваат нови големи промени.

Како што најавуваат медиумите на Апенините, сопствениците посакуваат да го ангажираат Марк Овермарс за спортски директор, со оглед дека тој заврши одлична работа во Ајакс во изминатиот период. За главен фаворит за клупата е планиран Пеп Гвардиола, шпанскиот стратег кој со голем успех го предводи Манчестер Сити. Сепак, прашање е дали „росонерите“ и ќе успеат да ги реализираат овие оптимистични најави.

Се вчитува...