Милан има нова желба, Арсен Венгер да дојде на „Сан Сиро“

Италијанскиот калчолигаш Милан очајно ја стартуваше сезоната во Серија А, а раководството на клубот се обидува да пронајде адекватно решение за клупата со оглед дека има веќе подготвено отказ за тренерот Марко Џампаоло. Но, раководниот тандем Малдини – Бобан се соочи со неколку „корпи“, едноставно не можат да најдат соодветен стратег кој би се нафатил да го преземе тимот во оваа ситуација.

Најновата желба на „росонерите“ е Арсен Венгер, францускиот стручњак кој е без работа откако го напушти Арсенал. Тој подолг период најавува враќање во фудбалот, се шпекулираше дека ќе му се приклучи на Пари Сен Жермен како спортски директор, но засега се уште е без конкретна активност. Тоа сака да го искористи Милан и да му ја понуди тренерската позиција со напомена дека во од ќе добие шанса и да го моделира тимот според своите вкусови.

Според италијанските медиуми, Милан не успеал да ги доведе Андриј Шевченко, Масимилијано Алегри, Лучијано Спалети, Џенаро Гатузо и Клаудио Раниери и потрагата по нов тренер продолжува.

Се вчитува...