Милан има план – Конте за тренер, а Газидис за нов акционер

Заминувањето на кинеските газди од Милан беше прифатено со задоволство од навивачите на „росонерите“, кои се уште позадоволни по последните информации околу плановите на новите американски газди. Новиот директор Леонардо ќе добие околу 150 милиони евра за трошење, но од него ќе се бара и да доведе нов тренер – поточно да го убеди Антонио Конте да пристигне на „Сан Сиро“.

Според Американците, Гатузо не е вистинскиот човек за предводник на „росонерите“, додека од друга страна Конте е докажан тренер кој ќе знае како да го извлече максимумот од оваа екипа, воедно и да разговара со капитенот Бонучи и да го убеди да остане на „Сан Сиро“.

Воедно, најавено е и освежување на управата со сериозен акционер. Станува збор за Иван Газидис, еден од клучните „играчи“ во управата на Арсенал. Тој најави дека е подготвен да ги продаде своите 30% од акциите во лондонскиот клуб, по што парите би ги насочил токму во Милан.

Засега сето ова делува одлично, но „росонерите“ не толку одамна слушаа и кинески бајки, па затоа сега без премногу еуфорија чекаат Американците да почнат да ги исполнуваат дадените ветувања.

Се вчитува...