Милан ја одреди цената за Лео Бонучи

Италијанскиот калчолигаш Милан е подготвен да се раздели со капитенот Леонардо Бонучи, само една година откако тој пристигна на „Сан Сиро“ по трансферот од Јувентус. По седум сезони во дресот на „старата дама“, Бонучи одлучи да се пресели во Милан, но новонастанатата ситуација најверојатно ќе го примора клубот да се откаже од него по само една одиграна сезона.

„Росонерите“ добија казна од УЕФА, забрана за настап во европските купови, а тоа значи и дека ќе мора да скратат дел од трошоците. Милан ја одреди цената за продажба на Бонучи, и таа изнесува 32 милиони евра. Сепак, раководството сака да се ослободи од големата плата што ја има дефанзивецот, 7,5 милиони евра по сезона, а во редот за негов ангажман веќе стојат Пари Сен Жермен, Манчестер јунајтед и Челси.

Самиот фудбалер исто така е подготвен за трансфер, разочаран од неисполнетите ветувања на сега веќе поранешните кинески газди за формирање на силен тим што би се борел за највисок пласман.

Се вчитува...