Милан ќе добие казна од УЕФА за непочитување на финансискиот фер-плеј

Италијанскиот калчолигаш Милан е под истрага на Европското тело за финансиска контрола на клубови во Нион, и се очекува да биде санкциониран за непочитување на финансискиот фер-плеј на УЕФА. Како што е познато, кинески инвеститори предводени од Ли Јонгонг го купија мнозинскиот пакет акции на клубот од поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за 740 милиони евра. Минатото лето клубот потроши околу 200 милиони евра на нови засилувања, но без да успее да ги покрие трошоците со нови приходи.

„Ќе има казна, но се надаваме дека нема да биде драконска. Се надевам дека УЕФА ќе ги разгледа сите можности и ќе го донесе вистинското решение, за напредок на клубот“, изјави Марко Фасоне, директорот на „росонерите“.

 

Се вчитува...