Милан ќе го награди Гатузо со нов договор

Раководството на Милан се подготвува да му понуди нов договор на Џенаро Гатузо и да го задржи на клупата до 2019 година. Тимот значително се подобри во изминатиов период откако нивната клупска легенда ја презеде одговорноста да биде тренер, па челниците задоволни од неговата работа одлучија да го наградат за успехот.

Откако популарниот Рино кон крајот на ноември застана на „жешкото столче“ на „Сан Сиро“, Милан почна да реди позитивни резултати, но исто така ја зацврсти својата игра, особено во одбраната. „Росонерите“ се непоразени во последните шест меча во Серија А, тоа е знак дека Гатузо одлично си ја врши работата, па затоа и неговиот договор кој треба да заврши по оваа сезона ќе биде продолжен на уште најмалку една година.

Сепак, раководството ќе чека до април или мај за да дознае какви ќе бидат санкциите од страна на УЕФА околу нерегуларностите со финансискиот фер-плеј, пред да му понуди обнова на договорот на Гатузо.

 

Се вчитува...