Милан му нуди на Ибрахимовиќ 6 милиони евра за 18 месеци

Во следните неколку седмици Златан Ибрахимовиќ ќе донесе одлука околу последната понуда од Милан според кој шведскиот интернационалец би потпишал договор на шест месеци со можност да има продолжување на соработката и за следната сезона. Целата вредност на евентуалниот договор за овоие 18 месеци би била шест милиони евра.

Претходно Ибрахимовиќ бараше по еден милион евра месечно за договор со Милан. Сега клубот му нуди за третина помалку од бараната сума. Ваквата понуда произлегла од преговрите на директорот на Милан, Звонимир Бобан и менаџерот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола.

Златан Ибрахимовиќ заминува од ЛА Галакси и одаман најави дека ќе се враќа во Европа. Италија се чини е најсигурна дестинација. интерес за него има и од Болоња.

Се вчитува...