Милан најголем губитник, Атлетико во 1/8 финале, Порто во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Милан излезе најголем губитник од денешните последни натпревари во Лигата на шампионите. „Росонерите“ загубија на домашен терен од Ливерул со 1-2, и се елиминирани од европските натпреварувања, односно завршија последни и нема да играат ниту во Лигата на Европа. Најголем добитник излезе тимот на Атлетико кој што победи во Португалија кај Порто, и така после поразот на Милан, избори место во 1/8 финалето во ЛШ, додека Порто оди во Лигата на Европа.

Милан поведе со голот на Томори, а израмни брзо Салах. Ориги во 55. минута направи пресврт. Претходно контроверзен момент, кога не беше досуден пенал над Кеси.

Атлетико Мадрид дојде до водство во 56. минута преку Гризман, а потоа проблеми за Диего Симеоне, црвен картон за Караско. Силите беа израмнети на теренот во 70. минута кога Вендел доби исклучување од Порто. Атлетико даде и втор гол и го реши победникот во судиското надополнување кога Кореа успеа да зголеми на 0-2, а Де Пол во 92. минута стави точка на победата на Атлети. Порто само успеа да намали на 1-3 со голот на Оливеира.

Реал Мадрид заврши како прв на табелата, совладувајќи го тимот на Интер. „Кралевите“ преку Крос во 17. минута дојдоа до предност, а ја дуплираа преку Асенсио во 79. минута.

Во вториот меч во оваа група, Шахтјор беше подобар од Шериф. Голот вреден три бода го постигна Фернандо во 42. минута. Николов доби шанса во вториот дел, и постигна гол во 90. минута за израмнување. Шериф со седум бода продолжува понатаму, додека Шахтјор заврши со два бода.

Лутината Борусија Дортмунд ја истури врз тимот на Бешикташ. На крајот убедлив триумф на „милионерите“ од 5-0 на свој терен против отпишаниот, додека Борусија продолжува во Лигата на Европа. Мален ја донесе Борусија во водство, а Ројс од пенал зголеми на 2-0. Уште еден гол на Ројс за 3-0, а потоа влезе Халанд и веднаш постигна два гола. Првиот во 68-мата, а вториот во 81-вата за конечни 5-0.

Во истата група, Ајакс го совлада Спортинг со 4-2. Алер во 8. минута од пенал погоди, и со тоа постигна голови во сите натпревари во групата. Сантош израмни, а Ентони повторно донесе водство за Ајакс. Нереш во 58. минута зголеми на 3-1, потоа Бергхујс за 4-1, а намали Табата на 4-2.

Претходно ПСЖ го совлада тимот на Бриж, а Лајпциг беше подобар од Манчестер Сити.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...