Милан не сака да ризикува, „росонерите“ веќе договорија одлична замена за Донарума

Милан не сака да ризикува, па веќе е со мислите да ангажира замена за Џанлуиџи Донарума, кој има договор до крајот на сезоната, а очигледно изборот паднал на 25-годишниот француски чувар на мрежата, Мајк Мањан.

Одличниот голман на Лил сезонава брани на врвно ниво во француската Лига 1 и поради тоа Милан решил да му понуди петгодишен договор, а исто така ќе му плати и 16 милиони евра на францускиот тим за трансферот.

Донарума во моментов не сака да потпише нов договор и чека да заврши сезоната, по што постои голема можност да се пресели во лутиот ривал, Јувентус.

 

Се вчитува...