Милан не сака „дедовци“, ги одбил и Ибрахимовиќ и Манџукиќ

Милан се наоѓа во сериозна криза, повторно стартуваше разочарувачки во новата сезона, но управата на клубот не сака краткорочни решенија за проблемите. Имено, весникот „Кориере дело сера“ објави дека „росонерите“ ја отфрлиле можноста да ги ангажираат Златан Ибрахимовиќ и Марио Манџукиќ во текот на јануарскиот преоден рок, со идентична порака – не сака возрасни фудбалери во тимот, туку погледите ќе ги насочи кон помлади играчи.

Зад одлуката не стојат Бобан и Малдини, туку генералноит директор на клубот, Иван Газидис, кој во Милан ја пресликува својата политика од времето кога беше дел од Арсенал – да не се даваат високи плати на стари фудбалери на кои не може да се заработи, без оглед на фактот колку тие би можеле да помогнат на резултатски план.

И Ибрахимовиќ и Манџукиќ биле отворени за идејата за преселба на „Сан Сиро“, нивните квалитети сигурно ќе му беа од помош на тренерот Пиоли, но поради ставот на Газидис преговорите никогаш не ја минале првата фаза.

Наместо кон нов напаѓач, директорот на Милан се насочува кон засилување на одбранбената линија, при што на листата со желби се наоѓаат двајца дефанзивци на Милан, Даниеле Ругани и Мерих Демирел.

 

Се вчитува...