Милан ја продолжи серијата импресивни игри и резултати што трае околу еден месец, откако „росонерите“ попладнево на гостински терен го декласираа СПАЛ со убедливи 0-4.
Во отсуство на повредениот Калиниќ тренерот Гатузо му даде шанса на Кутроне, а младиот голгетер му се оддолжи на довербата постигнувајќи нови два гола за својата екипа. Покрај Кутроне, меѓу стрелците се запишаа уште и Билја и Борини, за четврта победа на Милан во последните пет кола и уште поголемо приближување до ривалите во битката за висок пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА