Милан не знае да губи: Кесие и Билја ќе се истепаа на клупа, па се извинуваа

Милан загуби на градското дерби со Интер, а Џенаро Гатузо по мечот истакна дека повеќе од поразот го боли инцидентот од второто полувреме, кога двајца негови фудбалери за малку ќе се истепаа меѓу себе на клупата за резерви. Кесие беше заменет од страна на Гатузо, при седнувањето на клупата Билја му дофрли нешто, по што поранешниот ас на Аталанта буквално полуде.

Соиграчите спречија физичка пресметка меѓу двајцата „росонери“, а по мечот Кесие и Билја се појавија заедно пред камерите.

„Тоа беше адреналин во ситуација кога бев заменет и сакав да му помогнам на тимот. Се истурив врз Лукас и тоа беше грешка. Му се извинив подоцна, тој е повозрасен од мене и треба да учам од него“ – истакна Кесие.

„Френк знае што му реков и подоцна го расчистивме недоразбирањето. Најмногу од се ни е жал за срамната сцена, им се извинивме на тренерот и на соиграчите. Го посрамотивме клубот и ветуваме дека тоа нема да се повтори“ – додаде Билја.

Без оглед на извинувањето, двајцата фудбалери нема да „куртулат“ од казна од клубот, како порака дека недисциплината никако не смее да се толерира.

Се вчитува...