Милан нема да настапува во Лигата на Европа

Италијанскиот гигант Милан нема да учествува во Лигата на Европа во сезоната 2019/2020, пренесуваат медиумите на Апенините.

„Росонерите“ се одлучија да се повлечат од најмасовнот европско фудбалско натпреварување откако успеаја да постигнат договор со УЕФА околу финансискиот фер-плеј. Трофејниот клуб од „Сан Сиро“ минатата сезона го освои петтото место во домашното првенство, а на крајот на сезоната Џенаро Гатузо беше заменет со Марко Џампаоло.

 

Се вчитува...