Милан нема сила за „старата дама“: Манџукиќ и Роналдо го замолкнаа „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Јувентус останува недостижна екипа во Серија А стигнувајќи и до 11-та победа сезонава откако во 12. коло славеше со 0-2 во дерби пресметката против Милан на „Сан Сиро“.

Не требаше да се чека долго на моментот кога „старата дама“ ќе го скрши отпорот на миланезите. Веќе по само 8 минути игра Манџукиќ стрелаше за водство на Јувентус од 0-1.

Во 41. минута Игуаин не успеа да реализира пенал за домашните.

Милан во вториот дел се обидуваше да дојде до израмнување но безуспешно. Па, Кристијано Роналдо во 81. минута постигна погодок за конечни 0-2. Ова е прв гол на Роналдо во шестиот меч кој го игра на „Сан Сиро“ во својата кариера.

На крајот и исфрустрираниот Игуаин заработи и црвен картон поради неспортско однесување кон главниот судија, за да ја заокружи лошата ноќ за „црвено-црните“.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...