Милан носи напаѓач за титулата?

Милан со влезот во Лигата на шампионите успеа да воспостави здрава основа на клубот што оди на патот кон враќање во европската елита. За такво нешто се потребни и трофеи, па навивачите се надеваат дека оваа сезона ќе успеат да го освојат Скудетото по цела деценија чекање.

„Тутоспорт“ пренесува дека „росонерите“ процениле дека се потребни засилувања во нападот, па прва мета е торинскиот фудбалер Андреа Белоти. „Биковите“ се заинтересирани да го откупат договорот на Томаш Побега, кој е во сопственост на Милан, па клубот од „Сан Сиро“ својата шанса ја гледа во тоа.

Од друга страна, капитенот на Торино и репрезентативецот на Италија следното лето ќе може слободно да одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера, бидејќи тогаш му истекува актуелниот договор, додека продолжувањето на соработката е под голем знак прашалник.

Белоти е поврзан со многу моќни клубови не само во Серија А, туку и низ Европа, во декември ќе наполни 28 години и многумина веруваат дека е време да се испроба во поамбициозна средина.

Се вчитува...