Долгото барање нов тренер на Милан заврши, откако клубот конечно одлучи дека тоа ќе биде Рубен Алморим, објавија водечките новинари во Италија.
Првичниот фаворит за позицијата беше Андони Ираола, потоа најмногу се зборуваше за Оливер Гласнер, но на крајот поранешниот тренер на Спортинг Лисабон и Манчестер Јунајтед ќе биде наследник на отпуштениот Масимилијано Алегри на чело на „росонерите“.
Неговиот договор ќе биде за 2+1 сезони со годишна плата од 3,5 милиони евра, дополнета со бонуси за освојување трофеи и квалификации за Лигата на шампионите.
Така, 41-годишниот Аморим ќе биде третиот португалски стручњак назначен за тренер од сопственикот на клубот Џери Кардинале по Пауло Фонсека и Серхио Консеисао, кои поминаа една полусезона во 2024/25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
