Дефанзивецот на Милан Лео Дуарте ќе мора да биде надвор од терените следните четири месеца, соопштија од клубот.
Дуарте ја оперираше ахиловата тетива на левата нога што значи дека до следната пролет нема да му биде на располагање на Стефано Пиоли. Дуарте стана стандарден првотимец по доаѓањето на Пиоли на „Сан Сиро“, но се повреди во текот на репрезентативната пауза.
Во досегашниот дел од сезоната 23-годишникот запиша пет настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА