Милан останува во игра за Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Милан славеше со 2-0 на домашен терен над Беневенто во натпревар од 34. коло во италијанската Серија А. Хакан Чалханоглу во 6. и Теофило Хернандез во 60. минута беа творци на победата на „росонерите“.

Со овој триумф Милан се искачи на втората позиција на табелата во Серија А со 69 бода и до крајот ќе води жестока битка со Аталанта, Наполи и Јувентус за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите. Интер е убедливо прв и доколку тимот од Бергамо не триумфира утре, „нероаѕурите“ и официјално се шампиони на Италија.

 

 

Се вчитува...