Фудбалерите на Милан повторно се лизнаа во трката за место кое води во Лигата на шампионите наредната сезона, откако „росонерите“ освоија само еден наместо планираните три бода на гостувањето против Парма (1-1).
Кастилјехо постигна гол со глава на асистенција на Сусо и се чинеше дека тимот на Џенаро Гатузо ќе успее да стигне до цел плен на ова незгодно гостување. Сепак, Милан потоа непотребно се повлече, Парма почна да доминира, домаќините најпрвин го погодија дирекот од голот на „росонерите“, за во 87. минута преку ветеранот Бруно Алвеш да стигнат до реми.
Останува да се види колку ривалите на Милан за четвртото место, Рома, Аталанта и Лацио, ќе го искористат овој „кикс“ на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА