Милан плати 35 милиони евра за нов партнер на Пјонтек

Милан конечно успеа да излезе како победник од една трка по ново засилување, постигнувајќи договор за ангажман на Рафаел Леао. Станува збор за суперталентиран напаѓач, младински репрезентативец на Португалија, кој ќе пристигне на „Сан Сиро“ од редовите на Лил.

Челниците на Лил објавија дека дури осум клубови ширум Европа испратиле богати понуди за Леао, но Малдини и Бобан успеаја да го доведат овој голем талент во таборот на „росонерите“. Покрај отштетата од 35 милиони евра, Лил ќе добие дополнителни 20% од следниот трансфер што овој 20-годишен голгетер ќе го направи во кариерата.

Доаѓањето на Леао значи и дефинитивно заминување на Патрик Кутроне, кој кариерата најверојатно ќе ја продолжи во англискиот премиерлигаш Вулверхемптон.

Се вчитува...