Милан подготви посебни дресови за 120 роденден – Во продажба ќе бидат само 1899

Италијанскиот гигант Милан месецов слави 120 години, а клубот во таа чест подготви и посебни дресови. Милан е формиран на 13. декември 1899 година, а по повод 120 годишнината подготвуваат големи изненадувања за прославата на роденденот.

Спонзорот на Милан, Пума, објави дека имаат подготвено посебни дресови со кои „росонерите“ ќе настапат на мечот против Сасуоло кој на програмата е на 15 декември. Исто така од Пума соопштија дека во продажба ќе бидат само 1899 години во знак на годината кога е формиран клубот.

 

 

View this post on Instagram

 

Here’s to 120 years of @acmilan ??⚫

A post shared by PUMA Football (@pumafootball) on

Се вчитува...