Фудбалерот на Милан, Џакомо Бонавентура, е опериран во Питсбург, Соединетите Американски Држави, за да биде санирана сериозната повреда на левото колено, објави клубот. Хируршкиот зафат го направиле Волкер Мусахл и Фреди Фу, во присуство на претставници на лекарскиот тим на Милан.
Бонавентура го очекува долг рехабилитациски процес, а враќањето на фудбалскиот терен се очекува за околу девет месеци. Оваа сезона дефинитивно е завршена за играчот за врска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА