Милан реди победи и без Златан

Веста за позитивниот тест на коронавирус на Златан Ибрахимовиќ за момент предизвика потрес во редовите на Милан, но „росонерите“ на изминатите натпревари покажаа дека одлично се снаоѓаат и во отсуство на својот најдобар фудбалер. Денешниот домашен натпревар против Специја значеше и трета победа во низа за „росонерите“, кои се рамо до рамо со Аталанта на делба на првото место на табелата.

Леао беше човекот на одлука на денешниот натпревар, откако португалскиот напаѓач ги постигна првиот и третиот погодок во второто полувреме, по здодевните први 45 минути минути. Еден погодок беше дело на Тео Хернандез, кој продолжува со одличните игри во дресот на „росонерите“.

Се вчитува...