Милан Ристовски донесе победа за Спартак Трнава и пласман во 1/4-финалето во Купот

Македонскииот репрезентативец Милан Ристовски, вечерва донесе триумф за Спартак Трнава на гостувањето кај Кошице во словачкиот Куп и пласман во 1/4 финалето.

Во тежок и неизвесен меч, Ристовски во 85. минута стрелаше во противничката мрежа за триумф на гостите. Претходно легендарниот Шкртел во 50. минута донесе водство, а Кошице израмни во 75. минута. Десет минути подоцна Македонецот успеа да се запише во листата на стрелците.

Ристовски беше стартер на овој меч и го одигра целиот натпревар.

Се вчитува...