Милан Ристовски двапати го надмудри Дени Илиев

Младинскиот репрезентативец Милан Ристовски кој оваа сезона го носи дресот на Нитра постигна два гола во триумфот (3-2) на својот тим против Серед. Тој успеа двапати да го надмудри Дени Илиев, кој како позајмен играч од Арсенал го брани голот на Серед. На кормилото на Серед е македонскиот стратег Славчо Војнески.

За Милан Ристовски и Нитра ова беше прва првенствена победа по четири кола на стартот од шампионатот. Серед има две победи и два порази во досегашниот тек од првенството.

Се вчитува...