Милан Ристовски е гол-машина во Словачка

Милан Ристовски продолжува со фантастични настапи во дресот на Трнава, откако македонскиот голгетер го предводеше својот тим до убедлива победа од 0-3 на гостувањето против Дунајска Стреда.

Ристовски блесна постигнувајќи два погодоци, најпрвин погодувајќи за 0-2 во првото полувреме, за во вториот дел да бие повторно прецизно за конечни 0-3 на овој натпревар. Тренерот на Трнава го повлече Македонецот од игра по вториот погодок, со што тој немаше шанса да стигне и до хет-трик на оваа средба.

Милан Ристовски досега има постигнато пете погодоци во словачкиот шампионат, со што се наоѓа на делба на првото место на листата на стрелци во лигата.

Се вчитува...