Милан Ристовски и Спартак Трнава стигнаа до титулата во Купот на Словачка

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски и неговата Спартак Трнава стигнаа до голем успех освојувајќи го националниот куп на Словачка. Тие во финалето во еден трилер натпревар славеа над големиот фаворит Слован Братислава со 1-2 по продолженија.

По првиот дел мируваа мрежите, а прва до водство стигна Слован Братислава со голот на Мустафиќ во 50. минута. Сепак, само две минути има требаше на Ристовски и соиграчите да израмнат на 1-1 со автоголот на Де Марко.

Регуларниот дел заврши со овој резултат, а во продолженијата посреќни беа фудбалерите на Спартак Трнава кои со голот на Азеведо во 114. минута стигнаа до куп трофејот. Македонскиот репрезентативец го стартуваше мечот и ги одигра сите 120 минути.

За Спартак Трнава ова е седми трофеј во Купот на Словачка.

Се вчитува...