Милан Ристовски и Трнава со стил до финалето во купот на Словачка

Македонскиот фудбалски репрезентативец Милан Ристовски и неговата Спартак Трнава стигнаа до голем успех, откако успеаја да се пласираат во финалето на националниот куп на Словачка.

Тие во полуфиналниот двомеч, славеа и на вториот натпревар против Сеница овојпат со 0-4 и со вкупни (0-7) обезбедија натпревар за трофејот. Македонскиот интернационалец овој натпревар го стартуваше од клупата за резерви, а во игра влезе во 61. минута.

Во финалето Спартак Трнава ќе се сретне со Слован Братислава.

Се вчитува...