Милан Ристовски: Многу важен меч со Лихтенштајн, со триумф добиваме мотив плус за Германија

Младиот офанзивец Милан Ристовски на стартот од подготовките за октомвриските квалификациски дуели против Лихтенштајн и Германија вели дека мора максимално сериозно да се пристапи на натпреварите ако се сака позитивен резултат.

Најпрво на 8. октомври Македонија ја очекува дуелот со аутсајдерот во Лихтенштајн на гости, од кој желбите се секако три бода.

„Со Лихтенштајн е многу важен меч за нас, затоа што со победа влегуваме на мечот против Германија потоа со мотив плус. Во модерниот фудбал нема лесен и тежок противник, мора да дадеме максимум во Лихтенштајн ако сакаме три бода“ – вели Милан Ристовски, притоа дополнувајќи:

„Кога се игра во националниот дрес секогаш постои притисок за добра игра и позитивен резултат. Но, добро сме подготвени за гостувањето во Лихтенштајн. Не чека еден од најважните натпревари во овие квалификации пред финалната битка за втората позиција во групата“.

Се вчитува...