Милан Ристовски од Ријека на позајмица во словенечки Кршко

Младинскиот репрезентативец Милан Ристовски нареднава сезона ќе ја помине како позајмен фудбалер од редовите на хрватска Ријека во словенечкиот прволигаш Кршко.

По договор меѓу двата клуба, и согласност на Ристовски, македонскиот напаѓач следната сезона ќе ја мине во Кршко.

Ристовски веќе настапи и на првиот пријателски натпревар за новиот клуб постигнувајќи го единствениот погодок за Кршко во поразот од 1-2 на дуелот против Раднички Ниш.

Се вчитува...