Милан Ристовски: Подготвени сме да се бориме со Италија, а сонувам еден ден да заиграм во Јувентус

„Калчомеркато“ направи интервју со македонскиот напаѓач Милан Ристовски пред пресметката со Италија во баражот во март. Ристовски вели дека македонската репрезентација ќе се бори до крај, и дека не стравува од никого посебно во италијанскиот состав.

„Играме против европскиот првак. Ако имавме можност да бираме, јас не би ја избрал Италија. Сепак, имаме можност да покажеме дека сме квалитетни и да покажеме нашиот тимски дух. Со нетрпение го чекаме мечот. Подготвени сме да се бориме, да сториме се да го оствариме нашиот сон“, рече Ристовски.

Од кој играч од Италија најмногу се плашите?

„Не се плашиме од никого, но секако треба да бидеме повнимателни со некои играчи бидејќи знаеме дека имаат квалитет да направат разлика. Добро ќе го анализираме противникот, и ќе сториме се да победиме“, изјави Ристовски.

Напаѓачот вели дека Горан Пандев дава многу добри совети и поддршка.

„Горан секогаш ни дава голема поддршка дека имаме квалитет како било која друга селекција. Тој е наш идол, огромна почит кон него“, изјави Ристовски.

Македонскиот голгетер признава дека како мал навивал за Јувентус, и посакува еден ден да игра во тој тим.

„Имам максимална почит кон Серија „А“. Од дете навивам за Јувентус, а можеби еден ден ќе заиграм таму“, со насмевка изјавува Ристовски кој додава дека негов идол е Златан Ибрахимовиќ

Се вчитува...