Милан Ристовски: Покажавме дека можеме, во вторник повторно да ја израдуваме Македонија

Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација Милан Ристовски, ден по натпреварот со Италија и големата победа ги искажа своите импресии од мечот.

„Уште сме во некој позитивен шок. Во еден момент сме свесни, во еден не што направивме вчера. Среќни сме што успеавме да пројдеме една таква репрезентација ако Италија. Сега не ни останува ништо друго освен да одиме по овој пат до крај. Знаевме дека Италија има голем квалитет, но верувавме во себе од прва до последна минута, дадовме се од себе на тој терен и на крај не награди“, рече Ристовски.

Тој верува дека со истиот рецепт како против Италија, може да се добие и Португалија и Македонија за првпат да обезбеди пласман на Мундијал.

„Се најдовме на 90 минути до најголемото натпреварување во Светот. Сега не ни останува ништо друго освен да дадеме се од себе и да веруваме во себе. Треба да играме исто како со Италија, со давање максимум и со верба во себе. Видовме дека можеме. Италија има исти тип на играчи, големи ѕвезди се тоа, само верба во себе и се надевам дека ќе ја израдуваме Македонија повторно“, вели Ристовски

Се вчитува...