Милан Ристовски повторно стрелец за Нитра

Младинските репрезентативци Дарко Чурлинов, Милан Ристовски и Димитар Митровски со нови погодоци за своите тимови изминатиов викенд се приклучуваат на подготовките на младата репрезентација.

Ристовски повторно стрелаше за словачка Нитра овојпат во ремито (2-2) на гостувањето против Тренчин во 7. коло од шампионатот на Словачка. Ова беше четврти гол за Милан Ристовски во новата сезона за Нитра.

Димитар Митровски, пак, беше стрелец за младинскиот тим на Спортинг Лисабон, додека Дарко Чурлинов двапати погоди за вториот тим на германски Келн.

Се вчитува...