Милан Ристовски продолжува да „решета“ – Нов гол за репрезентативецот во словачкиот шампионат

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски продолжува со одличните партии сезонава во дресот на словачка Спартак Трнава. Тој во четвртиот натпревар го постигна третиот гол сезонава, откако беше еден од стрелците во победата на неговиот тим над Моравце со 2-0.

Ристовски го постигна вториот гол за својот тим во 72. минута откако само десет минути претходно влезе во игра. Првиот погодок за тимот од Трнава го постигна Буката во 27. минута.

За Ристовски ова е трет гол сезонава со што е на делба на првата позиција во шампионатот, додека Трнава по четири одиграни кола се наоѓа на второто место со три победи и еден пораз.

 

 

Се вчитува...