Младинскиот репрезентативец на Македонија, Милан Ристовски престојнава сезона ќе ја мине во редовите на словачкиот прволигаш Нитра.
21-годишниот офанзивец како позајмен фудбалери од хрватска Ријека сезонава ќе биде дел од шампионатот на Словачка. Ристовски и изминатата сезона беше на позајмица, но во редовите на словенечкиот прволигаш Кршко.
Ристовски, кој е помлад брат на членот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски, претходно во македонското првенство настапуваше за Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА