Милан Ристовски со гол и асистенција во ремито против Стефан и Адеми на тестот со Динамо Загреб (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен напаѓач Милан Ристовски одигра одличен натпревар Спартак Трнава во ремито од 3-3 на пријателскиот натпревар против хрватскиот шампион Динамо Загреб во чии редови настапија и неговиот брат Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Спартак Трнава одигра пет фуриозни минути во првото полувреме по кои дојде до предност од 0-3, а најзаслужен за сето тоа беше токму македонскиот репрезентативец.

Ристовски најпрво во 29. минута донесе предност за својот тим со погодок од пенал за 0-1.

А, во 34. минута, македонскиот репрезентативец мајсторски асистираше за водство на Словаците и од 0-3.

Во продолжението Динамо Загреб, со головите на Менало во 37. минута, Петковиќ во 49. минута и Емрели во 90. минута успеаја во последните секунди да стигнат до реми.

Се вчитува...