Милан Ристовски со гол во 94. минута ја спаси Трнава од пораз

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски со гол во 94. минута од средбата го спаси својот тим Спартак Трнава од пораз во 24. коло од словачкиот шампионат.

Спартак Трнава гостуваше на Дунајска среда. Домашните со голот на Балог од 38. минута имаа предност од 1-0.

Кога се чинеше дека домашните ќе ги однесат трите бода, сепак македонскиот репрезентативец стапи на сцена и со погодокот во последните секунди од средбата донесе бод за својот тим.


Се вчитува...